Современата ирска кинематографија прв пат на репертоарот на „Киненова“
Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, во рамките на својата редовна програма, годинава за прв пат ја претставува современата ирска кинематографија во Македонија.
По тој повод, во кино-салата на Кинотека на Македонија, во сабота со почеток во 20 часот ќе се одржи свеченост на која ќе присуствува амбасадорот на Ирска за Романија, Северна Македонија и Молдавија, Пол МекГери, кој ќе ја отвори свеченоста, а потоа ќе следува проекција на црната комедија „Привлечен ѓавол“ на ирскиот режисер Џон Батлер.
Останатиот дел од програмата на фестивалот, во чиј фокус е ирската кинематографија, во наредните три дена ќе се емитува на телевизија 24, меѓу кои се два филма на прославениот ирски режисер Дејвид Глисон, како и моќниот документарен филм „ГЛАД“ каде наратор е Лијам Нисон.
Програмата се реализира во соработка и поддршка на Ирската амбасада во Букурешт.