„Современа скулптура“ – изложба на ДЛУМ


Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер од 20 часот во Уметничкиот центар АРТ ХАБ  ќе ја отвори изложбата „Современа скулптура“, која ќе може да се посети  до 10 јуни од 11 до 18 часот.

Ќе учествуваат 12 уметници: Анѓел Димовски-Чауш, Димитар Филиповски, Душан Ѓеорѓиевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Маја Танева, Марјан Стојаноски, Нела Јанковска, Ненад Тонкин, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски и Слободан Милошевски.

Годинава добитник на наградата „Боро Митриќевски” за најдобра скулптура е Ангел Димовски-Чауш за делото „Танчарката на Дионис VII“. Наградата секоја година ја доделува семејството Митриќевски и, како нејзин покровител, на изложбата ќе биде поставено и дело на Боро Митриќевски, доајен на современата скулптура.

-Ќе забележиме класична употреба на материјали во процесот на лиење (бронза, алуминиум), обликување на метал (инокс), комбинирани техники во метал, обработка на мермер и дрво, но и успешни идеи низ еколошки пристап на рециклирање на материјали сè до остварување на концептот…, соопшти ДЛУМ  за изложбата.