Советот за безбедност усвои резолуција за прекин на огнот во Газа, САД беа воздржани
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја откажа израелската делегација во Белата куќа откако САД се откажаа од заканата за вето

За прв пат Советот за безбедност на ОН гласаше за повик за прекин на огнот во Газа, откако САД беа воздржани, наместо да го користат своето вето како што тоа го правеа во претходните прилики. Русија и Кина, исто така, претходно ставија вето на текстовите.
Резолуцијата што беше донесена беше напишана од 10-те избрани членови на Советот, а предложена во комората од претставникот на Мозамбик.
Русија се обиде да го измени текстот со тоа што ќе го врати на претходниот нацрт кој го вклучуваше зборот „постојана“, но тоа не успеа.
За резолуцијата гласаа 14 членки на Советот за безбедност на ОН, додека САД беа воздржани.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја откажа израелската делегација во Белата куќа, според извештаите на израелските медиуми, откако САД се откажаа од заканата за вето.
Во изјавата на кабинетот на израелскиот премиер, се вели:
„САД се повлекоа од својата конзистентна позиција во Советот за безбедност, поврзувајќи го прекинот на огнот со ослободувањето на заложниците“.
На состанокот на Советот за безбедност на ОН, американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд го критикуваше, како што рече, циничниот пристап на Русија и Кина и рече дека САД се разочарани што резолуцијата сè уште не оди доволно далеку за да го осуди Хамас како терористичка организација.
Таа рече:
„Минатата недела, Русија и Кина ставија вето на резолуцијата со која се осудува овој ужасен напад, резолуција што огромното мнозинство од овој Совет ја поддржа.
Тие постојано покажуваат дека всушност не се заинтересирани за унапредување на траен мир преку дипломатски напори.
И покрај сета нивна реторика тие не се заинтересирани да дадат значаен придонес во хуманитарните напори. Наместо тоа, тие го користат овој разурнувачки конфликт како политичко милје за да се обидат да го поделат овој совет во време кога треба да се собереме. Тоа е длабоко длабоко цинично. И сите треба да го видиме тоа“.
Во врска со Хамас, Томас-Гринфилд рече:
„Ја цениме подготвеноста на членовите на овој Совет да преземат некои од нашите уредувања и да ја подобрат оваа резолуција. Сепак, одредени клучни уредувања беа игнорирани, вклучувајќи ги и нашите барања да додадеме осуда на Хамас. И не се согласивме со се во резолуцијата. Поради таа причина, за жал не можевме да гласаме за.
Критично, прекинот на огнот и ослободувањето на заложниците ќе овозможат многу повеќе хуманитарна помош да влезе во Газа во време кога гладот се наѕира и да обезбеди можност да се работи кон одржлив прекин на непријателствата и кон иднина каде Хамас повеќе нема да може да се заканува. Израел и никогаш да не се повтори 7 октомври“.
Воздржувањето на САД го означува разидувањето со владата на Нетанјаху, што ја одразува зголемената фрустрација во Вашингтон поради пркосното инсистирање на премиерот израелските сили да продолжат со нападот во Рафах, и поради континуираното израелско попречување на испораката на хуманитарна помош.
Иако резолуцијата бара привремен прекин на огнот во текот на остатокот од светиот муслимански месец Рамазан, таа додава дека тоа треба да доведе до „траен одржлив прекин на огнот“. Русија бараше да биде вметнат зборот „постојан“, но тој обид беше поразен.