Советот на модни дизајнери (CFDA ) го откажа гала настанот во Њујорк


САД– Само два дена откако Мет Гала беше одложена заради коронавирус, и Советот на модни дизајнери кој ги наградува колегите и прогласува модна икона (CFDA ) го откажа гала настанот закажан за 8 јуни во Њујорк.

Советот го објави соопштението на социјалните мрежи, во кое се наведува дека дизајнерите се соочуваат со предизвици „како во нивниот личен живот, така и во професионалното работење“, во текот на пандемијата на коронавирусот.

Том Форд

„По внимателно разгледување на упатствата на сојузните и државните влади, како и на јавните здравствени агенции, претседателот на (CFDA ), Том Форд и Стивен Колб, претседател и извршен директор, заедно со целосна поддршка на одборот, донесоа одлука за одложување на 2020 година CFDA Fashion Awards “, се вели во изјавата.

-Со ѕвездите Џенифер Лопез, Мери Кејт и Ешли Олсен и Брендон Максвел кои беа почестени со наградите лани,- (CFDA ) е непрофитна организација која е „креирана за да собере средства за добротворни цели и активности во индустријата“, а има за цел да ја зајакне „Влијанието на американската мода врз глобалната економија“, според веб-страницата на Советот.

Форд беше избран за претседател на одбор во март 2019 година, а други значајни американски дизајнери како Мајкл Корс, Томи Хилфигер и Вирџил Аблох моментно служат како членови на комитетот на (CFDA ).