Советникот Горјан Јовановски на седницата на Град Скопје излезе со гас-маска


Советникот од Зелен хуман град, Горјан Јовановски, на денешната седница за гласање на Буџетот на Град Скопје за 2024 година излезе со гас-маска за да укаже на константно загадениот воздух во главниот град. 

„Тераме инает едни на други, бре луѓе! Не сфаќам која е желбата да се инаетиме едни со други. Не само што луѓе умреа надвор, ние ќе испогинеме… еве ако не ни е гајле за другите, а треба да ни е гајле“, рече Јовановски од под маската.

Претходно од ЗХГ, рекоа дека нема да поднесат амандмани на Буџетот за догодина, затоа што сметаат дека, стандардно,  нивните амандмани не се прифаќаат, а велат дека и намалени се предвидените пари за мерки против загадувањето.