Советниците од ДУИ ги одбиле уверенијата зошто биле само на македонски јазик


Советот на Град Скопје

Советниците од ДУИ одбиле денес да ги примат уверенијата за избор на советници бидејќи биле  напишани само на македонски јазик. Како што рекоа, со ова, според нив, се крши Законот за употреба на јазиците.

Останатите членови, вклучувајќи ги и избраните од ВЛЕН, ги примија уверенијата.

Со ова започнува работата на Советот на Град Скопје. Уверенијата се потпишани од претседателката на изборната комисија на Град Скопје, Марија Мошев.

ДУИ освои шест советници во Град Скопје, исто колку и ВЛЕН.