Советничката на ФДА, која гласаше против одобрување на вакцината на Фајзер, го објасни својот став

Д-р Архана Чатерџи, декан на Медицинскиот факултет во Чикаго

Сојузната агенција за храна и лекови на САД (ФДА) во петокот објави дека одобри употреба на вакцината на Фајзер (Pfizer) против КОВИД-19, а првите вакцинации се очекуваат за неколку дена, што треба да претставува пресвртна точка во САД каде што пандемијата на конора вирусот веќе одзеде повеќе од 295 000 животи.

ФДА издаде итна дозвола за употреба на вакцина развиена од „Фајзер“ со германскиот партнер „БиоНТех“, која покажа 95 проценти ефикасност во спречувањето на КОВИД-19.

Агенцијата објави дека вакцината може да се дава на лица на возраст од 16 години и постари.

Д-р Архана Чатерџи, декан на Медицинскиот факултет во Чикаго, е една од четворицата советници на ФДА кои гласаа против. Таа објасни за „Си-Ен-Би-Си“ (CNBC) зошто, пренесува регионалниот портал СЕЕбиз.

„Сакам да бидам јасна и да кажам дека целосно го поддржувам одобрувањето преку овој вонреден процес на вакцините на ‘Фајзер’ и ‘БиоНТех’ за лица над осумнаесет години. Гласав против затоа што немаше можност да се гласа за вклучувањето на помладата популација”, објасни таа.

Чатерџи објаснува дека прашањето за вакцинирање на 16-годишници и 17-годишници било покренато и пред Комитетот. Таа тврди дека количината на податоци што зборуваат за последиците од вакцинацијата врз толку млада популација не е доволна за да се реши ова прашање. Таа додава дека лично и почекала со таквата одлука, додека не пристигнат целосните информации.

Според податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“, најмалку 293.000 Американци веќе починале во САД од КОВИД-19.

Низ целата земја, повеќе луѓе биле хоспитализирани со КОВИД-19 отколку кога било порано, а над 107.000 биле хоспитализирани со вирусот во четвртокот, според проектот за Следење на Ковид. За споредба, тоа е полн капацитет на стадионот во Мичиген, најголемиот стадион во државата.

Чатерџи рече дека „апсолутно“ ќе ја прими вакцината.

„Да беше приоритетна мојата ризична група, ќе бев прва на ред“, рече таа.

Чатерџи рече дека нејзината порака до луѓето кои се плашат да ја примат вакцината е дека таа е и безбедна и ефикасна. Податоците на „Фајзер“ покажаа дека нејзината вакцина е 95 отсто ефикасна и нема сериозни несакани ефекти.

„Немаше големи безбедносни сигнали што би можеле да наложат пауза во препорачувањето на оваа вакцина за добивање одобрение, па затоа би рекол дека вакцината е безбедна и ефикасна и ќе биде еден од механизмите со кои ќе излеземе од оваа смртоносна пандемија“, заклучува Чатерџи.