Совети за безбедно одмрзнување на бравата и шофершајбната од автомобилите


Стручни совети за најчестите зимски проблеми на автомобилите ќе ве заштедат од непотребни трошоци и штети!

Во студените зимски денови, возачите мака мачат да го исчистат снегот и мразот од своите автомобили. Понекогаш ситуацијата станува уште покомплицирана, па да речеме, бравата замрзнува, но за се има решение.

Пред да ја скршите стругалката за мраз застанете за момент. Запалете го автомобилот, вклучете го греењето и насочете го кон шофершајбната. Не само што внатрешноста на вашиот автомобил ќе биде топла, туку и ќе го олесни отстранувањето на мразот од стаклото.

Друга опција е да се истури децилитар 70% алкохол, пет капки детергент за садови и четири децилитри топла (не врела!) вода во шишето со распрскувач.

Ако ви се случи да имате замрзната брава и не можете да влезете во автомобилот, веројатно веќе имате при рака се што ви треба – средство за дезинфекција на рацете. Бидејќи алкохолот има пониска точка на топење од водата, ова ќе помогне да се стопи мразот од бравата,

Кога станува збор за отстранување на снегот од покривот и хаубата, задолжително користете само пластични „алатки“ бидејќи другите материјали лесно можат да го изгребат вашиот автомобил.

Избегнувајте топла вода и сол

На интернет може да се најдат многу брзи решенија за разни зимски проблеми со автомобилите, а често се споменуваат и топла вода и сол – но експертите велат дека треба да ги избегнувате и двете.

Ако истурите топла вода на шофершајбната, ризикувате да пукне поради ненадејна промена на температурата. А освен тоа, ако надвор е многу студено, таа топла вода лесно може да се претвори во друг слој мраз.

Употребата на сол на автомобилот исто така не се препорачува бидејќи може да го оштети металот и бојата.