Совет на ЕУ: Дистанца или маска и хигиената се задолжителни кај колективниот превоз на патници


Советот на ЕУ донесе мерки за враќање на довербата на патниците и работниците со минимизирање на ризикот од инфекција во прекуграничните системи за колективен превоз на патници.

Во своите заклучоци, Советот на ЕУ ги утврдува основните мерки за хигиена и контрола на инфекцијата што треба да се применат кај сите прекугранични услуги за колективен превоз на патници.

Овие препорачани мерки вклучуваат физичко растојание или, доколку не е можно, употреба на маски, зголемена употреба на дигитални карти и преглед на дигитални мапи, како и одржување на високи стандарди на проток на свеж воздух и чистота во превозните средства.

Советот на ЕУ ја повика Европската комисија и земјите-членки да продолжат да ја координираат имплементацијата на упатствата и препораките за Ковид-19 во секторот транспорт, донесени на национално и на ниво на ЕУ.