Сотировски: Судот и јавното обвинителство да го расветлат немилиот настан во ИВЗ


Судот и јавното обвинителство треба да го расветлат немилиот настан во Исламската верска заедница (ИВЗ). Оттаму е мојата мотивација за што поскоро правно расветлување на тој настан, бидејќи Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи беше дел од посочените за упад и обид за какви било промени во ИВЗ. Тоа не е, ниту ќе биде наша цел, истакна денеска директорот на Комисијата, Даријан Сотировски.

Посочи дека ја почитуваат ИВЗ, таа е сериозен фактор и партнер на државата.

– Апелирам јавното обвинителство и судството целосно да го разветлат, да видиме кој е тој што имал намера токму во тој момент, да го избере тој момент, да ја избере таа верска заедница и да направи таков немил настан, рече Сотировски.

На прашање кој е легитимен претседател на ИВЗ, рече дека тоа е Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, а Скендер Бузаку нема правосилно решение и не можат да соработуваат со него.