Состојбата со Ковид-19 во Скопје се смирува


Фото: Б. Грданоски

Во главниот град има нешто повеќе од 1.000 активни случаи со Ковид-19, односно 1.057, што е знак дека состојбата со заразата се смирува.

И бројките по општини го потврдуваат тоа, па така Чаир каде имаше и до 400 активни случаи, Аеродром со близу 200, сега бројат по 152, односно 132 случаи. Само уште Гази Баба со 103 и Карпош со 108 случаи, имаат над 100 заболени во своите општини во Скопје.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 152
• Аеродром – 132
• Бутел – 65
• Гази Баба – 103
• Центар – 98
• Карпош – 108
• Сарај – 44
• Кисела Вода – 96
• Ѓорче Петров – 73
• Студеничани – 35
• Шуто Оризари – 81
• Арачиново – 19
• Илинден – 17
• Петровец – 8
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 10
• Зелениково- 5
• Странец – 3.