Состанок на штабот за заштита и спасување на Маврово и Ростуше по најавите за невреме


Проектот опфаќа изградба на излетнички точки, набљудувачници, обновување на планинарски патеки, набавка на возила за фото-сафари и други содржини

Најавите за можности за невреме поради циклонот Андреа беа причина на иницијатива на градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, вонредна седница да одржи Општинскиот штаб за заштита и спасување.

На средбата, на која покрај општината присуствуваа и претставници на Полициската станица, Здраствениот дом, Јавното комунално претпријатие „Маврово“, како и средното општинско училиште беа разгледани превентивни мерки и активности со цел да се делува превентивно за спречување на несакани последици.

-Утврдени се критични точки каде што може да има излевање на вода од речните корита како што се река Радика, Жировничка Река и други речни корита, како и критични точки каде може да има свлечишта и одрони од земја. Се разгледуваа можни активности за делување со механизација за да се заштитат регионалниот и локалните патишта по населените места, велат од Општинскиот штаб за заштита и спасување при општина Маврово и Ростуше.

За таа цел заклучено е деноноќно да се следи целокупната состојба на целата територија на општината со посебен акцент на критичните места, како и да се биде во постојана координација со сите јавни институции, претседатели на месните заедници и претпријатијата во општината ангажирано, со механизација да делуваат при евентуална непогода.

-Исто така, ги повикуваме граѓаните да не остануваат на отворен простор или под осамени дрвја, во случај на електрично празнење. Во наредните 48 часа да избегнуваат непотребни излегувања пеш или со нивните возила, посебно покрај речните сливови. Доколку има појава на загрозени и поплавени зони и подрачја, се молат граѓаните на смиреност, присебност и помош од стручните екипи со насоки за благовремена евакуација и постапки за својата лична безбедност и сигурност, нагласуваат од штабот.

За давање на информација која ќе биде од корист за што подобро и навремено справување со несакани последици на располагање се дадени телефонските броеви: 042 478 815 – Општина Маврово и Ростуше и 075 380 138 – Диди Џафери, самостоен референт за заштита, спасување и управување со кризи.