Соработниците се дистанцираат од Трамп, извор од Белата куќа „Готово е“

САД– Високите соработници на Трамп полека, но сигурно, се оддалечуваат од него, за Си-Ен-Ен наведуваат извори блиски до Белата куќа.

Ситуацијата е иста како со вработените во Белата куќа, така и со луѓето од неговата кампања.

Веќе не е прашањето само дали ќе го признае поразот, туку што ќе стори подоцна.

-Готово е, изјави еден од клучните советници на Трамп. Тој вели дека владата е загрижена за тоа што ќе стори Трамп кога ќе сфати дека изгубил.

-Боже. Кој знае, додаде тој.

Некои во кампањата, за Си-Ен-Ен изјави советник на Трамп, ја доведуваа во прашање одлуката во кампањата да ги вклучи Руди Џулијани и неговите синови, кои сега зборуваат за кражба на гласови. Советникот, исто така, вели дека Трамп има право да го оспори резултатот, но и дека тоа го прави сосема погрешно.

Друг советник објаснува дека Трамп е изолиран кога станува збор за наводите дека му биле украдени гласовите.

-Тој е главно сам во тоа, вели советникот.

Но, извори, исто така, велат дека некои луѓе се уште се со Трамп и му кажуваат што тој сака да слушне.

Како потсетување, Џо Бајден е се поблиску до победа над Трамп. Според последните резултати, Бајден вчера направи голем пресврт во Џорџија и сега во оваа држава води пред Трамп, а по неколку часа се смени и резултатот во Пенсилванија, каде исто така поведе со неколку илјади гласови разлика.

Доколку во Пенсилванија остане ваквиот резултат, Бајден ќе има доволно електорски гласови да вкупна победа на изборите во САД, без разлика на резултатите во остантите држави каде се уште се бројат гласовите.