Сопственикот на Дурмотурс пуштен во домашен притвор


Фото: Б. Грданоски

Сопственикот на Дурмотурс, Дурмиш Белули кој е првообвинет за несреќата во која загинаа 16 луѓе е пуштен во домашен притвор. Дурмиш Белули е пуштен со гаранција.

На Белули му е одземен пасошот, треба да се јавува во суд, не треба да контактира со оштетените и да не се занимава со транспорт.

По несреќата што се случи на 13 февруари кај Ласкарци, Белули беше во притвор во затворот во Шутка.