Сопругата на Верушевски е обештетена со 17.000 евра за „Пуч“


Сопругата на Зоран Верушевски, Соња е обештетена со 17 илјади евра за 175 дена поминати во притвор за случајот „Пуч“, објави 360 Степени.
Инаку, Верушевски, поранешниот разузнувач и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев доби отштета од над 2,5 милиони денари за „Пуч“.
За потсетување, тој беше притворен веднаш по бомбите, со обвинувања за неовластено поседување на службениот пиштол, а потоа и за велепредавство и шпионажа.