Сопатничка на мотоцикл загина во сообраќајка во Скопје


Вчера вечер во скопската полиција било пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“, во близина на клучка за Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „опел корса“ управувано од Р.И.(49) од с.Горно Нерези, скопско и мотоцикл „кавасаки“ управуван од Г.В.(45) од с.Трубарево, скопско.

Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала К.В.(40) од Скопје, сопатничка на мотоциклот, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Исто така, со телесни повреди се здобиле Р.И. и сопатникот од возилото Е.К.(45) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.