Соосновачот на Фејсбук: „Време е да го изгасиме!“
Крис Хјуз своевремено му помагал на Марк Закерберг да создаде голема социјална мрежа и познат бренд, но сега повикува на нејзино гасење.
Во колумната која ја објави во “New York Times”, Хјуз вели дека Марк има “неверојатна моќ” и влијание во владите и дека е “време Фејсбук да се укине”.
„Марк е добра, љубезна личност, но лут сум на него бидејќи неговиот фокус на растот на компанијата доведе до тоа да ја жртвува безбедноста на своите корисници поради кликови”, пишува Хјуз.
Why is Facebook co-founder Chris Hughes saying it’s time to break up the company? He explains in this video op-ed. pic.twitter.com/mrAuP3QXzE
— New York Times Opinion (@nytopinion) May 9, 2019
Закерберг не само што го контролира Фејсбук туку и широко користените платформи на Инстаграм и Ватсап, а Хјуз вели дека одборот на Фејсбук повеќе работи како советодавен комитет отколку за проверка на моќта на главниот извршен директор.
„Фејсбук прифаќа дека со успехот доаѓа одговорност“, рече главниот портпарол на Фејсбук, Ник Клег.
„Разочаран сум, од себе и од првиот тим програмери на Фејсбук, што не предвидовме како „News Feed” алгоритмите ќе ја променат нашата култура, ќе влијаат на изборите и ќе ги зајакнат националистичките лидери”, напиша основачот, додавајќи дека „Закерберг се опкружил со погрешни луѓе кои никогаш не му се спротивставуваат”.
I’m calling for breaking up @Facebook in an essay in the @nytimes. FB has become too big and too powerful, and it’s part of a trend in our economy of an increasing concentration of corporate power. We can fix this: break the company up and regulate it. https://t.co/34rITPfvJ9
— Chris Hughes (@chrishughes) May 9, 2019
Тој е само еден во низата поранешни извршни луѓе од социјалната мрежа кои повикуваат на построга регулација на Фејсбук и другите онлајн платформи, но Марк вели дека е отворен за регулации.
Во својата колумна за „Washington Post”, директорот на Фејсбук потцртал работи за кои би се согласил да ги промени на социјалната мрежа. Хјуз вели дека Закерберг сега има сопственост и контрола на над 80 отсто од светскиот пазар на онлајн медиуми. Исто така, предлага американската влада да формира агенција која ќе ја надгледува работата на технолошките компании.