Сопрен сообраќајот на аеродромот во Келн: Климатски активисти се залепија на пистата
Еден од главните регионални аеродроми во Германија ги запре сите летови откако климатски активисти се залепија на пистата.
Аеродромот Келн-Бон соопшти дека „неовластени лица“ влегле во областа на аеродромот, што доведе до прекин на сите летови. Бројни дојдовни летови беа пренасочени кон блиските аеродроми Дизелдорф, Хан, Нирнберг и Хановер. Десетици летови од аеродромот беа одложени или откажани, јавува Би-би-си.
Und so muss auch die Flugindustrie fair heruntergefahren werden –
allen voran Privatjets und Inlandsflüge. Wir brauchen eine Wende, ein internationales Abkommen zum sozial-gerechten Ausstieg aus den Fossilen bis 2030." ~ Lio Gómez, momentan auf dem Flughafen pic.twitter.com/UxkfdioXMo— Letzte Generation (@AufstandLastGen) July 24, 2024
Аеродромот Келн-Бон предупреди на „значителни прекини“ и ги советуваше патниците да го проверат статусот на летот пред да патуваат.
„Последната генерација“ ја повикува германската влада да постигне глобален договор за прекин на употребата на нафта, гас и јаглен до 2030 година.
🔥 Oil Kills! Internationale Protestkampagne gestartet!
‼️ Aktuell befinden sich Unterstützer*innen der Letzten Generation auf dem Rollfeld des Flughafens Köln/Bonn und beeinträchtigen so den Flugverkehr. Gleichzeitig wird weltweit in über 10 Ländern an Flughäfen protestiert!… pic.twitter.com/RLSsVSwMfS
— Letzte Generation (@AufstandLastGen) July 24, 2024
Групата рече дека слични „мирни, граѓански протести на аеродромите“ се планирани за среда низ Европа и Северна Америка. Во Финска, демонстрантите беа снимени како ги блокираат безбедносните порти на аеродромот во Хелсинки „Вантаа“.
9 people have blocked the security gates at Helsinki Vantaa Airport in Finland.
We are taking action around the world to demand an end to oil by 2030. More to come…https://t.co/MQjSrr3krJ@elokapina#OilKills #FossilFuelTreaty pic.twitter.com/YYbB8ZCxDB
— Oil Kills (@_oilkills) July 24, 2024
Тројца активисти ја пробија оградата на главниот аеродром во Осло, „Гардермоен“, во средата наутро. Според норвешките медиуми, триото било отстрането нешто повеќе од 30 минути по влегувањето на аеродромот.