Сообраќајот Велес – Скопје во целосен прекин


Сообраќајот на патот Велес – Скопје е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, информира АМСМ.

„Поради сообраќајна незгода на автопатот Велес – Скопје во тунелот кај Катланово, од 13.05 часот сообраќајот е во прекин и ќе се пренасочува од клучката кај Штип по новиот автопат кај Свети Николе“, се наведува во информацијата.