Сообраќајот со зголемен интензитет надвор од градските средини, за излез на Богородица и Табановце се чека половина час


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

На граничните премини Богородица и Табановце за излез од земјава чекањето е околу 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.