Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Како што соопшти АМСМ интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) е отворен за сообраќај. Препорака до возачите да пристапуваат внимателно на овој патен правец поради можната појава на помали одрони.