Сообраќајот по влажни коловози, снег на патот Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Стража и Страцин
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, во зимски услови,по влажни коловози.Снег провејува на патните правци Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража и Страцин, кој во мометов не се задржува на коловозот.
Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.
Од ЈП Македонијапат информираат дека е намалена видливост поради магла до 50 метри во Крушево и Плетвар.
Додаваат дека со целокупната расположива механизација и работна сила ЈП Македонијапат е вклучена во расчистување на патиштата.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат, подвлекуваат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.