Сообраќајот по наместа влажни коловози


Фото: Б. Грданоски

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Од 15 ноември, 2024 година, започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, а од истиот датум затворен за сообраќај за сите видови возила е патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.