Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по влажни коловози


Фото: Б. Грданоски

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка.

Поради појава на магла видливоста е намалена од 70 до 80м. на патниот правец Куманово- Страцин, од 20-30м. на патниот правец Тетово- Попова Шапка и до 100м. на планинскиот превој Ѓавато.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.