Сообраќајна несреќа во Франција, загинаа пет деца

Пет деца загинаа во сообраќајна несреќа на автопат во Франција, кога возило во кое се наоѓало деветчлено семејство се превртело, а потоа и се запалило.

Три возрасни лица и едно дете биле веднаш пренесени в болница со сериозни повреди.

Возачот, од засега непознати причини, ја загубил контролата врз возилото, кое излетало од автопатот, неколку пати се превртувало, а потоа се запалило и запрело во една нива покрај патот.