Сообраќајка на влезот во Тетово, загина едно лице


Жена на околу 50-тина години загина во сообраќајка на влезот на Тетово од правец на Скопје синоќа околу 20 часот. Според првичните  информации, жената била сопатничка во автомобил марка „мерцедес“, а до несреќата дошло поради судир со друго возило марка „голф“.

Во близина на првиот кружен тек при влез во Тетово дошло до судирот при што мерцедесот  откако се судрил со голфот продолжил со неконтролирано движење и удрил во бандера.  Во голфот имало две лица, едно машко и едно женско, кои при судирот се повредени и се хоспитализирани во тетовската Клиничка болница.

Двете возила биле со тетовски регистерски таблици.

Екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата.