Сообраќајка меѓу трактор и мопед во Битолско


 СВР-Битола информира дека се случила сообраќајна незгода меѓу трактор и мопед, во која со тешки телесни повреди се здобиле две лица.

Од секторот за односи со јавност посочуваат дека сообраќајката се случила синоќа на регионалниот пат Битола-село Драгош, Битолско, кај крстосница за селото Граешница, а учествувале трактор „фергусон“ без регистарски ознаки, управуван од С.Л. (63) од селото Граешница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Р. (21) од село Лажец, Битолско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот А.Р. и неговата сопатничка Е.Х. (20) од селото Сопотско, Ресенско, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола.