Сончево, за празниците пораст на температурите


Претпладне ќе биде сончево, а во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме.

Прогноза за 25.04.2019

Минимална температура: 5°C до 11°C

Максимална температура: 18°С до 26°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

 

Прогноза за 26.04.2019

Минимална температура: 6°C до 12°C

Максимална температура: 19°C до 28°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

 

Прогноза за 27.04.2019

Минимална температура: 7°C до 13°C

Максимална температура: 18°C до 27°C

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме.