Сончево со температура до 36 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Ппопладне во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а дневната од 28 до 36 степени. УВ=7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 35 степени.

До четврток ќе биде претежно стабилно и суво, освен во западните делови каде ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок ќе има повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.