Сончево со температура до 26 степени


Фото: Б, Грданоски

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови ќе има услови за слаба магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12 степени, а дневната од 17 до 26 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 8 степени, а дневната до 23 степени.