Сончево со слаб северен ветер

Фото: Б. Грданоски

Времето ќе биде претежно сончево, вдолж Повардарието со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Следува период на стабилно и суво време. По котлините ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, особено во среда кога по одделни котлини ќе се задржат и во текот на денот.