Сончево со ниски утрински температури


Фото Б. Грданоски

Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе се спушти од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, слично време со утринска температура до 5 и дневна до 17 степени.

Во следните денови синоптичарите најавуваат стабилно и суво време со пониски утрински температури, а од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни котлини.