Сончево со мала облачност, температурата до 14 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од минус 9 степени до 4 степени, а дневната од 2 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната до 11 степени.