Сончево со мала облачност, магла во котлините


Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалуваат. Во останатите подрачја времето ќе биде сончево.  Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен,информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, претпладне со појава на ниска облачност и услови за утринска магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб ветер што ќе услови по котлините да има појава на магла и ниска облачност, особено во ноќните и претпладневните часови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.