Сончево со мала облачност

Времето во утринските часови ќе биде променливо облачно, а преку денот сончево со мала облачност и со слаб претежно североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени целзиусови.

Во Скопје, утрото ќе биде променливо облачно, а во текот на денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Утре ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер, а кон крајот на денот под влијание на продор на студена воздушна маса ќе дува засилен северен ветер и облачноста ќе се зголеми. Во сабота дневната температура значително ќе се намали, а на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег. Од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури.