Сончево со мала доумерена облачност и температура до 31 степен


Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку денот најизразен ќе биде во источните делови на земјава и вдолж Повардарието.

Минималната температурара ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 27 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Денес и утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата за неколку степени. Во вторник времето ќе биде сончево со пониски утрински температури, а потоа ќе се задржи сончево и потопло време но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.