Сончево со мала до умерена облачност


Фото: Б. Грданоски

Времето денеска во државата ќе бидe сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во следните денови, како што соопшти УХМР; ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд.До среда дневните температури ќе бидат во благ пораст, а потоа ќе имаат тенденција на опаѓање.