Сончево и ветер од јужен правец


Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 17, а максималните ќе достигнат од 27 до 34 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 16, а максималните ќе достигнат до 33 степени.

В среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од четврток до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.