Сончево и топло, во петок и сабота локална нестабилност


Фото: Б. Грданоски

До петок времето ќе биде сончево со повремена мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, а веќе в петок и сабота во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.

Според најавите на синоптичарите, до четврток ветерот ќе дува од северен правец, а потоа од јужен правец.

Дневната температура до средината на неделата ќе биде во пораст, а потоа нема многу да се менува. Минималните температури ќе достигнат до 23 степени, а максималните до 37 степени.