Сончево и топло, викендот дожд и пад на дневната температура


За денеска синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, повремено во вид на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната од 28 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 17 и максимална до 34 степени.

За време на викендов ќе има промена на времето, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер со услови и за краткотрајно невреме. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.