Сончево и топло, попладне можен краткотраен пороен дожд


фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне претежно во северните делови со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието најпрво од јужен, а попладне од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. УВиндексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 34 степени.

Од утре ќе има повремено зголемување на облачноста и позначително намалување на температурата проследено со северен ветер. Локален пороен дожд и грмежи се очекуваат во петок и во сабота.