Сончево и тивко со утринска магла по котлините


Фото; Б,Грданоски

Времето денеска ќе биде сончево и тивко. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22 степена.

Во Скопје и околина во раните претпладневни часови ќе биде магливо, а потоа сончево и тивко. Максималната тепретаура ќе достигне до 15 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со слаб ветер, што ќе услови по котлините да има појава на магла и ниска облачност, особено во ноќните и претпладневните часови.