Софиската филхармонија гостува во Скопје – од Шостакович до Мориконе
В сабота, на 11 март, во 20 часот во салата на Филхармонија ќе се одржи концертот „Новата класика“ на Софиската филхармонија и Националниот хор.
Диригент на концертот е Најден Тодоров, а на програмата ќе бидат изведени дела од Димитриј Шостакович, Џон Вилијамс, Енио Мориконе и други. Специјален гостин на концертот ќе биде македонскиот обоист Владимир Лазаревски.