Сода бикарбона може да биде опасна за овие површини


Многу луѓе се повеќе прибегнуваат кон домашни производи за чистење, но некои од нив сè уште не се погодни за употреба на сите површини во домаќинството и може неповратно да ги оштетат.

Така, меѓу состојките кои помагаат во чистењето често се споменува и сода бикарбона. Таа е евтина, достана, во практично пакување и сестрана, бидејќи не се користи само во готвењето, туку и во отстранување на непријатните мириси.

А сепак, треба да имате на ум дека користењето на одредени површини може да создаде повеќе проблеми отколку придобивки. Иако сода бикарбона изгледа како фин прав, таа всушност е абразивно средство за чистење. Lifehacker издвојува површини кои сода бикарбона може да ги оштети и неповратно да ги уништи.

Мермер
Мермерот и кварцот се прилично цврсти, но може да ги уништите ако редовно ги чистите со сода бикарбона. Секое бришење го троши горниот заштитен слој и на крајот може да доведе до гребнатини.

Стакло
Стаклото е исто така меѓу површините на кои веднаш ќе се забележат гребнатини, а ќе ги истакне и сода бикарбоната. За беспрекорна чистота и сјај, избегнувајте сода бикарбона.

Коса
Маските и мешавините кои треба да помогнат за чистење на косата не треба да содржат сода бикарбона. Ја суши косата и ја прави слаба и кршлива.

Дрвени подови и мебел
Сода бикарбона е премногу абразивна за употреба на дрвени површини. Може да ја истроши површината на дрвото и да предизвика видливи оштетувања.

Сè што има гребнатини, пукнатини или резби
Како прашок, сода бикарбона се таложи во секое ќоше и пукнатина на површината на некој предмет. Иако ова може да помогне да се исчисти останатиот дел од таков предмет, ќе ви биде тешко да ја отстраните правот од вдлабнатината.