Собранието треба да продолжи со работа по 67. пленарна седница


Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да продолжи со работа по 67.та седница на чиј дневен ред се останати уште четири неразгледани законски решенија. 

Пратениците ќе треба да се изјаснат по Предлог-измените на Законот за исплата на плати, Законот за решавање банки и Законот за финансиски инструменти.

На дневен ред на седницата е и Предлог-законот за средно полициско училиште.