Собранието продолжува со работа на 3 ноeмври
Претседателот на Собранието на Македонија ја свика шеесет и деветтата седница, која ќе се одржи на 3 ноември 2025 година (понеделник) со почеток во 12 часот.
На седницата, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, ќе се обрати пред пратениците.
Ова е редовна активност на Собранието која овозможува размена на искуства и дискусии со претставници на меѓународни институции, со цел зајакнување на парламентарната соработка и европските интеграции на земјата.