Собранието нема денес да гласа за одлуките за вонредна состојба


Одлуките за прогласување на вонредната состојба се ставени денес за расправа во Собранието, но спикерот Талат Џафери не очекува да се гласа за нив. Дали ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство тој не можеше да каже, посочувајќи на најавите од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да ги подржат. За дефинитивен став ќе решава Извршниот комитет на оваа партија.

На прашањето – што ако нема двотретинско мнозинство за одлуките за вонредна состојба, Џафери рече дека тогаш има надлежност друга институција која треба да посочи како да се најде решение за ситуацијата, мислејќи на Уставниот суд.

Џафери најави дека денес ќе биде ставена на дневен ред и точката за избори на потпретседатели за чиј број рече дека треба да реши пленумот со амандмани.

Тој најави и измени на Деловникот за работа на Собранието за да се спречи состојба како при конституиранјето на новиот парламентарен со став кога секоја партија имаше различни толкувања дали е одржана конститутивната седница или не. Тоа ќе се отвори како прашање во рамките на дијалогот преку процесот „Жан Моне“. (Н.В.)