Собрание: На инаугурација не се канат лидери на политички партии кои не се пратеници


Од Собранието на Република Северна Македонија денеска дадоа одговор зошто лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски не бил поканет на инугурцијата на новиот претседател Стево Пендаровски.

Според нив, на инаугурации на претседатели нема пракса да се канат лидери на политички партии кои не се пратеници.

Од Собранието додаваат дека носителите на високи државни функции се канеле по пресеанс листа, додека Министерството за надворешни работи ги поканило странските гости.