Соборната црква „Свети Сава“ во Виена во карантин


 

Пандемијата од корона вирус не ги заобиколи ни свештениците на австриско-швајцарската епархија во виена, меѓу кои има заболени од Ковис-19.

Управата на Соборниот храм „Свети Сава“ во виена ги извести сите верници дека црквата ќе биде затворена до 1 август.

Причина е карантинот под кој е ставен хрампт откако позитивни на корона вирус се половина од свештениците.

Управата на храмот ги повика верниците кои биле на литургија на 7 и на 12 јули да се јават на телефон и да се тестираат.

„Ги повикуваме верниците да го направат тоа што нѝ е должност. Се молиме на Бог овој кризен период да помине што побрзо“, се наведува во прогласот.