Со Суперкупот во Кавадарци се отвора новата сезона во македонскиот ракомет

Со Суперкупот закажан за вечер во Кавадарци ќе биде отворена новата сезона во македонскиот ракомет. За трофејот во Суперкупот ќе се борат актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер и куп-победникот Вардар.
Во претсезонските натпревари, вечните ривали се сретнаа два пати, и во двата наврата победија битолчани па поради подобрата форма влегуваат како фаворити на вечерашната пресметка.
Од друга страна, вардарци се со неколку повредени играчи и тоа е проблем за новиот тренер Иван Чупиќ.
Натпреварот ќе се игра во салата „Јасмин“ со почеток во 19 часот.
Минатата години Суперкупот го освои Алкалоид.